Се самоуби моделот кој го нарекуваа “момчето-зомби“, го знаете од спотот на Лејди Гага (ВИДЕО)

0
295

Моделот и уметник Рик Генест, познат уште како момчето-зомби, е пронајден мртов. Тој имаше 32 години.

Генест го паметиме како тетовираниот модел, кој имаше тетоважи и на лицето, а кој имаше главна улога во спотот на Лејди Гага за песната „Born This Way“.

Според првичните информации, тој извршил самоубиство во својот дом во Монтреал.

Прва од јавните личности која прозборе за смртта на својот пријател беше токму Лејди Гага, која на Твитер напиша:

-Самоубиството на мојот пријател Рик Генест, момчето-зомби е повеќе од вознемирувачка. Треба да работиме понапорно за да се смени културата, да се зборува за менталното здравје и да се избрише засекогаш стигмата дека не смееме да зборуваме за тоа.

Коментирај