Се самоуби мажот кој ја прогонуваше и сакаше да ја силува Сандра Булок

0
1552

Полицијата во Лос Анџелес пронајде мртво машко тело. Се докажа дека тоа е мажот кој ја прогонуваше актерката Сандра Булок.

Тие дошле до куќата на Корбет да му упатат позив на суд, бидејќи ја прекршил условната казна, но тој ја затворил куќата и одбивал да им отвори. Полицијата по пет часа преговори, сепак влегла во неговата куќа, но тој веќе бил мртов.

Џошуа Џејмс Корберт како што се наведува починал од повреда која си ја нанел себеси. Не е познато кое оружје го употребил за себеси да си одземе животот, пишува Дејли Меил.

За потсетување, Корбет во мај изминатата година беше осуден на пет години условна казна, бидејќи ја прогонуваше Сандра Булок, а во 2014-та година влезе и во нејзниот дом, со машинка.

loading...

Коментирај