Се разгледува можноста за враќање на рестрикциите: Нови 67 позитивни на корона и еден починат

0
396

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека од 868 направени тестирања има 67 позитивни пациенти на Ковид 19 и еден починат пациент, додека пак 25 лица се оздравени.

На Инфективната клиника во Скопје примени се шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 40. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16.

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје вкупно хоспиталиизрани се 27 лица, а шестмина се на респираторна машина.

Во Битола се 7 вхоспитализирани, во Штип 14, а на инфективните одделенија во Охрид, Велес и Куманово вкупно има 27 пациенти.

Инаку тој ја најави можноста за враќање на рестрикциите за движење на граѓаните.

Коментирај