Се распаѓа дрим тимот на САД – Тренерот Поповиќ без најголемите ѕвезди ќе оди на СП во Кина!

0
81

Со целосно изменет состав, кошаркарската репрезентација на САД ќе патува во одбрана на светската титула во Кина каде од 31 август ќе се одржи СП.

Тренерот Грег Поповиќ има големи маки во составување на тимот откако голем дел од ѕвездите се откажаа од настап во Кина со цел подобро да се подготват за следната НБА сезона.

Досега дури 9 кошаркари му откажаа на Поповиќ, а тоа досега го направија, Ентони Дејвис од Лос Анџелес Лејкерс и Џејмс Харден од Хјустон Рокетс, Ерик Гордон (Хјустон Рокетс), Си Џеј МекКалум и Демијан Лилард од (Портланд Трејлблејзерс), Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс Пеликанс),Тобајас Харис (Филаделфија 76-ерс), Бредли Бил од (Вашингтон Визардс) и последниот Кевин Лав од (Кливленд Кавалирс).

Поради тоа, американската федерација мораше да дејствува итно, и во составот беа повикани Маркус Смарт од Бостон Селтикс и крилото на Чикаго Булс – Тадиус Јанг.

Па така во моментов Поповиќ на располагање за подготовките во Лас Вегас има 16 кошаркари – бековите, Кемба Вокер, Кајл Лори, Донован Мичел, Џејлен Браун, Џејсон Тејтум и Маркус Смарт, крилата Крис Мидлтон, Пол Милсап, Харисон Барнс, Кајл Кузма, Џулиус Рендл, Тадиус Јанг и Пи Џеј Такер и центрите Андре Драмонд, Мајлс Тарнер и Брук Лопез.

Подготвителниот камп на Американците стартува на 5 август во Лас Вегас, а нивниот прв натпревар од СП е на 1 септември против Чешка.

Во групата „Е“ се уште и екипите на Турција и Јапонија.

Коментирај