Се откажува ли власта од ЕУ како главна стратешка цел?

0
395

Претседателот на државата Стево Пендаровски со збунувачка изјава за време на воената вежба „Одлучен удар 2019”.

За шефот на државата не влезот во ЕУ туку членството во НАТО е главната стратегиска цел на земјата од независноста.

„Партнерството со САД е успешно, ефикасно и со нивна помош очекуваме до крајот на годината да ја постигнеме и формално најголемата стратешка цел која ја имаме зацртано уште во деведесетите, а тоа е нашето полноправно членство во НАТО”, вели Пендаровски.

Со тоа за него ЕУ станува второстепена цел.

Македонските институции од независноста во низа владини и собраниски документи за формално главна стратегиска цел го имаат поставено членството во ЕУ или барем членството во двете организации со исто ниво на важност.

Ова е прв случај некој македонски политичат да прави разлика во корист на НАТО и да ја минимизира ЕУ како стратегиска цел ма земјата.

Изјавата на Пендаровски се случува неколку недели откако ЕУ не даде датум за преговори за Македонија и најави ревизија на ставот за есеноска и неколку дена откако францускиот амвасадор изјави дека и во октомври ќе биде тешко за датумот поради корупција и слаби реформи.

Коментирај