Се откажа ли Куманово од македонскиот јазик!? Петрушевски најостро реагира против понижувањето и навредите кон чувствата на македонците

0
378

Ова се новите патокази поставени во општина Куманово, Република Македонија. Никаде го нема македонскиот јазик и кириличното писмо, реагира на Фејсбук претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, Бране Петрушевски.

„Како македонец, НАЈОСТРО реагирам против поставувањето на овие патокази и ги повикувам градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и Владата на Република Македонија, да постапат согласно Уставот и да се отстранат овие патокази, а потоа да понесат и политичка одговоронст!

Во оваа држава, и во оваа општина, живеат мнозинство македонци, и ваквото изоставување на македонскиот јазик го сметам за понижувачко и навредливо кон нашите чувства како македонци“, стои во реакцијата на Петрушевски

Коментирај