Се остварува прогнозата на Мицкоски: Заев сега ја менува изјавата за Илинденска Македонија

0
384

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието на Република Македонија истакна дека за предлогот Република Илинденска Македонија, во спорот со името со Грција веќе нема да се дебатира.

Одговорот на Заев следи по барањето од ВМРО-ДПМНЕ тој да каже какви можни предлози за имиња на Македонија се прифатливи, да бидат по принципот „ерга омнес“, односно за употреба и внатре и надвор од земјава.

Премиерот уште еднаш ја нагласи и потребата за референдум по ова прашање.

Но со оваа изјава на Заев очигледно се остварува прогнозата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој на минатонеделниот дуел на МТВ му порача на Заев дека ќе ја промени оваа негова изјава за предлогот Илинденска Македонија.

-Сега ќе ве прашам кога ќе ја менувате изјавата за некој месец за некое друго решение и тогаш претпоставувам ќе седнеме тука и тогаш претпоставувам ќе кажувате заштитивте ова или она. Знаете ли кој е најголем капитал за една држава? Народот, а вие го потценивте народот, народот сам ќе ја изгради оваа држава како што ја изградил до сега. Процесот за во ЕУ и НАТО е паралелен со народот и тој сам ќе се изгради, само на народот му треба чесни политичари кои што ќе ја водат нашата држава, вели Мицкоски.

Тој додава дека Заев успеа да урниса се што овие 25 години е градено во Македонија и вели дека Заев мислел само дека има решение, а тоа не било вистина.

Извор: kurir.mk

Коментирај