Се огласи семејството на Влатко Илиевски: Објавено кога и каде ќе биде погребот на пејачот

0
4503

Познатиот македонски пејач Влатко Илиевски ќе биде погребан утре (недела, 8.7.2018 година) во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.

Неговото семејство, пријателите и фановите ќе се простат со пејачот еден час пред погребот, односно од 11 до 12 часот во капелата на гробиштата.

33-годишниот Илиевски синоќа беше пронајден мртов во неговиот автомобил на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје. Сѐ уште не се познати причините за смртта, а според првичните информации, кај починатиот поп-пејач не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта, а како што претходно објави МВР, неговото безживотно тело било пронајдено синоќа во 23 часот во автомобил „тојота“ на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје.


Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во Скопје


ФОТО: Ова е последната објава на Влатко Илиевски пред да биде пронајден мртов

Коментирај