Се огласи и првата заболена во Гевгелија: Не судете, никого не сум заразила намерно – вирусот е невидлив и насекаде

0
6494

Девојка од Гевгелија се обрати во гевгелиската група „Лафум гивгилиски и не са замарум“ дека таа е првото лице заболено со коронавирус во градот. Марија, којашто им се обрати на членовите во групата, објаснува дека пред една недела била до Скопје да земе потребни работи и имала контакт само со едно лице. Кога се вратила, за два дена добила температура, пријавила во Центарот за јавно здравје и со семејството се самоизолирале. Денеска добила одговор дека е позитивна:

Ги известивме сите лица со кои сме контактирале и јас и моето семејство и тие утре ќе се тестираат. Не судете, никого не сум заразила намерно, вирусот е невидлив, и насекаде, и јас сум исплашена исто како и вас и ова што се случува во светот не го измислив јас, вели девојката и порачува сите што ќе почувствуваат некои од симптомите да се пријават за тестирање.

Коментирај