Се огласи Адеми: Помирувањето не значи амнестирање…

0
462

Дел од медиумите во погрешна конотација пренесоа дел од пораките на премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

Имено, откако во јавноста по говорот проструи дека Заев е подготвен да ги амнестира пратениците инволвирани во случувањата на 27. април, на својот фејсбук профил, порака испрати и министерот без ресот задложен за дијаспората, Едмонд Адеми.

„Подавањето рака за помирување не значи амнестија. Помирувањето или опростувањето е човечка особина и големина. Папата Јован Павле Втори, му прости на својот атентатор , но тоа не го амнестираше Ахмет Али Агџа од одслужување на затворската казна. Обидот за атентат беше во 1981 година, од затвор излезе 2010 година. Така е и сега“, напиша Адеми на својот профил.

Тој посочи и дека десната страна треба да и подаде рака на левата во собранието, односно со свои зборови ја „преведе“ пораката упатена од премиерот Заев.

ademi

Извор:taratur.mk

Коментирај