Се одмотува клопчето: СЈО открива како Мијалков и Камчев переле милиони евра

0
790

После тримесечната истрага која ја спроведе изминатиов период Специјалното јавно обвинителство околу милионската империја на Орце Камчев и Сашо Мијалков, од обвинителството излегоа со детали и материјални докази за нелегално стекнатите милиони евра на овие двајца преку перење пари во офшор компании и враќање во Македонија.

СЈО откриваат дека имаат голем број на материјални докази, неколку сведоци, легално прислушувни разговори на дел од осомничените, со кои ја разоткриваат криминалната шема, а со која наводно переле пари, на штета на државата, а во корист на сопственото банкарско салдо. Засега сомнежот е дека се „испрани“ или злоупотребени околу 10 милиони евра.

Во центарот на вниманието на истражителите од СЈО биле петнаесетина македонски фирми, кои се основани или се во сопственост на странски компании, а регистрирани на адреси на Сејшели, Панама, на Британските Девствени Острови, Белизе и на други локации во САД. Низ нив се свртеле милиони, а зад дел од нив се криело името на Камчев, или на негови блиски соработници.

-Дел од сведоците зборуваат без страв и сокривање, но еден дел бараат да бидат загрозени, па дури им е страв да сведочат и со таков статус, брифираат од СЈО.

Инспирацијата за овој случај, пак, обвинителството ја црпи од Влатко Мијалков, брат на поранешниот директор на УБК, Мијалков. Односно слушајќи ги неговите телефонски разговори во „бомбите“, каде што самиот имал статус на таргет, но и останатите таргети, како Ана Камчева, Миле Јанакиески и Оливера Трајковска, а додека зборувале со Орце Камчев, Кристина Камчева, Ненад Јосифовиќ и други соговорници.

Извор:taratur.mk

Коментирај