Се најавува откривање на нов огромен скандал во владата

0
647

Експрес.мк објавува индиции за нов скандал во кој се инволвирани еден висок владин функционер, едно раководно лице во државен ентитет во сопственост на владата, но и целата влада која што дозволила прекршување на правила и процедури.

Според порталот аферата е тешка повеќе милиони евра а за неа досега нема покренато никаква правна процедура ниту од соодветните владини тела ниту од обвинителството. Во скандалот според информациите на колумнистот на expres.mk покрај кршење на македонски закони и владини процедури владата влегува во директен конфликт со една моќна и влијателна меѓународна институција чиј имиџ може да биде руиниран поради однесувањето на владини функционери.

Експрес објави дека повеќе информации за аферата ќе бидат објавени во текот на денот.

Извор:република.мк

Коментирај