Се менува законот: Веќе нема да има обложувалници на секој чекор

0
486

Сите обложувалници и казина кои се наоѓаат на помала оддалеченост од 300 метри од основните и средните училишта ќе мора да се затворат, предвидуваат новите измени во Законот за игри на среќа.

Според нив, ниту една обложувалница или автомат клуб нема да смее да биде блиску до училиштата.

Со измените се предвидува да се вратат лиценците за секоја деловна просторија за автомат клубовите, а кладилниците ќе можат со 500.000 евра депозит да отворат вкупно 50 уплатни места.

Покрај ова се предвидува и воведување на обврска апаратите во автомат клубовите да не смее да бидат постари од една година, бидејќи Владата утврдила дека кај старите апарати не може да се гарантира исправноста на играта.

Коментирај