Се маскираше во Дедо мраз, но веднаш го препознаа: Еве кого Барак Обама посети пред Божиќ (ФОТО)

0
345

Поранешниот претседател на САД Барак Обама облечен како Дедо мраз неодамна посети една болница во Вашингтон каде престојуваат болни дечиња.

Со капа на главата и вреќа на грбот ги развесели болните дечиња и им подари подароци.

-Сакам на сите да им се заблагодарам. Имав прилика да разговарам со дечињата и нивните семејства. Како татко на две деца можам да замислам дека во овие мигови на децата најважно им е да имаат некој кој ќе ги држи за рака.

Според реакциите на пациентите, вработените и останатите присутни е доказ дека популарноста на поранешниот претседател на САД се уште е на високо ниво.

Коментирај