Се издрогирал и летел: Возач се забил во стоматолошка ординација на втор кат (ВИДЕО)

0
496

Две лица се повредени откако возач под дејство на дроги вчера рано наутро се залетал во пешачки остров и со автомобилот „влетал“ во стоматолошка ординација во Санта Ана. Ординацијата се наоѓа на вториот спрат на куќа.

Полицијата соопшти дека возачот учесник во оваа сообраќајна незгода возел со многу голема брзина. Покрај него во автомобилот имало уште едно лице, а двајцата минале со полесни повреди.

Коментирај