„Се додека Заев е премиер Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ“

0
386

Се случува една жална работа за Македонија кога станува збор за датумот за преговори со Брисел. Ако владите на ВМРО-ДПМНЕ добиваа позитивни извештаи од ЕУ, лани Брисел му рече на Заев нема преговори, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на телевизија Алфа.

-Сега со променето име нема да почне преговори поради тоа што нема реформи. Тоа е јасен сигнал за оваа влада. Се додека Заев е премиер Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ. Го викаат на вакви неформални самити, но тие не сакаат да седнат на маса и да преговараат со лице кое е корумпирано, лице кое лаже, посочи Николоски.

Според него сега треба да победи кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска и тоа да го отвори патот за предвремени парламентарни избори.

-Тоа ќе води кон датум за разговори со Брисел. Тој сега од Берлин се врати како попарен и не кажува што му е кажано таму, рече Николоски.

Коментирај