Се „чешла“ документација – СЈО влезе во „Македонска пошта“

0
626

Истражители од Специјалното јавно обвинителство вчера влегле и почнале да изведуваат увид во документација во Акционерското друштво „Македонска пошта“.

Од Специјалното јавно обвинителство засега ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.

Не е познато ниту дали документацијата што ја побарале истражителите на СЈО е поврзана со работењето на оваа институција или за постапка поврзана со друг случај.

Коментирај