Се бара јунак што ќе го води личниот Твитер на Кралицата Елизабета II

0
637

Бакингемската палата соопшти дека бара човек што ќе  го води личниот Твитер на кралицата Елизабета II, пишува британското списание „Сан“. Платата за оваа позиција ќе биде 30 000 фунти годишно.
Ангажманот е цело работно време, и работата што треба да ја извршува лицето е управување на сите записи на монархот на социјалната мрежа и покриеност на вести за кралицата и нејзиното семејство.
Во официјалното соопштение работата е дефинирана како „Специјалист по дигитални комуникации“. Покрај платата, ангажираното лице за должноста ќе добие и поголем социјален пакет кој ќе вклучува програма за обука и социјално осигурување кое ќе изнесува 15% од платата.

Коментирај