„СЕ БАРА ГРУЕВСКИ“

0
323

Унгарската опозициска партија „Моментум“ ја излепи Будимпешта на неколку локации со критички плакати насочени кон владата на чело со Орбан со наслов „Се бара Груевски – Владата е спремна да прими уште еден осуден криминалец“.

Во пораката на постерите се додава дека „Груевски не е првиот криминалец што го прифаќа Унгарија: меѓународни криминалци доаѓаа во Унгарија како соработници на сирискиот диктатор“, алудирајќи на лица кои плаќале пари и купувале обврзници, а на сметка на тоа добивале унгарско државјанство.

„Моментум“ е прилично млада опозициска партија во Унгарија основана во 2016 година и не доби доволно гласови на последните избори за да има свој претставник во Парламентот.

Извор: taratur.mk

Коментирај