СДСМ: Времето на протекционизам и делење провизии заврши

0
279

Политиката  на СДСМ за економски раст на државата ги санира штетите што зад себе ги остави 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и обезбедува можности за економски развој, повисоки плати и нови работни места, стои во соопштението на СДСМ.

Соопштението го пренесуваме интегрално:

Времето на протекционизам и делење провизии од тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција. Денес, воспоставените царински услови и законски прописи важат за сите подеднакво.

Во конкретниот случај, царинското ослободување се однесува и важи за сите производители подеднакво и она што е особено важно, се однесува на производи преку кои се унапредуваат еколошките стандарди и се влијае во заштита на животната средина.

Реформската влада предводена од СДСМ продолжува да работи отчетно, одговорно и во интерес на сите граѓани.

Коментирај