СДСМ: До сега изградени нови 43 градинки низ цела држава

0
144

Како одговорна партија СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат квалитетно предучилишно образование, велат од СДСМ.

-Во периодот од мај 2017 до мај годинава Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој.

Градинките се во: Василево, Гратско, Конче, Кривогаштани, Мл. Нагоричане, Куманово, Пробиштип, Чашка, Пласница, Каласлари, Кравари, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Зрновци, Прељубиште, Кавадарци, Бардовци, Козле, Новаци, Прилеп, Ресен, Ростуше и Чучер Сандево.

Центрите за ран детски развој се во Радовиш, Виница, Равен, Форино, Гајре, Тркање, Бродец.

Дополнително во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.

Градинките се во: Чешиново Облешево, Кондово, Корешница, Железара (Гази баба), Врапчиште, Јурумлери, Марена и Шуто Оризари.

Центрите за ран детски развој се во Кривогаштани, Бела Црква, Бистрица, Рача (Охрид) и село Бучим (Крушево).

Тоа се вкупно 43 градинки низ целата територијата на државата.

Освен во изградба на нови објекти, се зајакнува кадарот во градинките, им се враќа достоинството на воспитувачите, се зголемуваат платите и се подобруваат условите за работа.

Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар или над 3.100 вработени добија зголемување на платата во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.

Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет“,се додава во соопштението на партијата.

Извор:лидер.мк

Коментирај