СДСМ сака да избега од избори во април – се заканија дека ќе прават мнозинство без ДУИ за редовни избори

0
357

Генралниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на Фејсбук напиша дека доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи, постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

„Северна Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом“, напиша Николовски на Фејбук.

Еве што беше договорено на 20 октомври 2019 година на лидерската средба кај Пендаровски:

Инаку предвремените парламентарни избори ќе се оддржат на 12 април оваа година, вака се договорија на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски лидерите на шест партии што имаат пратеници во Собранието.

Според договорот беше договорено дека техничката влада ќе се формира 100 дена пред одржување на изборите, односно на 3 јануари.

Премиерот Зоран Заев треба да поднесе оставка и да се избере нов технички премиер и нова техничка влада.

Техничкиот премиер ќе биде по предлог на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, односно од овие места ќе заминат Оливер Спасовски и Мила Царовска.

Опозициската партија ќе добие и заменици-министри за финансии, земјоделие и за информатичко општество и администрација, стои во договорот од лидерската средба кај претседателот Пендаровски.

Оттука се поставува прашањето дали СДСМ преку статусот на Николоски сака да избега од избори, останува да видиме.

Коментирај