СДСМ: Програмата на новата влада ја гарантира унитарноста на државата

0
566

СДСМ во реакција на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека единствената реална платформа што ја гледа целата домашна и меѓународна јавност е програмата на новата реформска влада, којашто содржела мерки за основните потреби на граѓаните и ја гарантирала унитарноста на државата.

Програмата на новата влада, стои во реакцијата, ја гледаат сите, освен ВМРО-ДПМНЕ.

– Единствено ВМРО-ДПМНЕ има потреба да се преправа дека не ја гледа Програмата на новата Влада, затоа што раководството на партијата има потреба да ја продлабочува политичката криза, се вели во реакцијата.

Коментирај