СДСМ: Политичарите како Груевски и Иванов се минато, граѓаните избраа промени!

0
321

Нападите на Ѓорѓе Иванов кон мнозинството граѓани кои избраа промени, кон СЈО, кон ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница, е продолжение на политиките на конфликт на неговиот ментор Никола Груевски, реагира СДСМ на дел од денешното предновогодишно обраќање на Претседателот Иванов.

sdsm-logo[1]

„Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад.Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за се ќе има одговорност„ стои во реакцијата.

Според СДСМ, граѓаните препознаа дека Груевски и Иванов ги загрозија државните и националните интереси и сакаат изолација на Македонија за спас на криминалците.

„Затоа излегоа масовно на изборите и во огромно мнозинство порачаа дека сакаат нова одговорна Влада, институции на граѓаните и живот. И тоа ќе се случи. Политичарите како Груевски и Иванов се веќе минато“, се наведува во реакцијата..

Коментирај