СДСМ: Поделени се првите картички за „зелена нафта“, 200 милиони денари ќе се вратат кај земјоделците

0
76

Започна реализацијата на проектот „зелена нафта”, клучнa мерка, со која 200 милиони денари ќе се вратат кај земјоделците, велат од СДСМ.

55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018 ќе можат да набавуваат за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација.

Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел” за земјоделската механизација.

Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, при што минималниот износ износ кој ќе биде одобрен за мали производители е 500 денари, додека највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари.

Проектот „зелена” нафта е одговор на децениските барања на земјоделците за реформи вo земјоделството кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше.

Целта на мерката е да се намалат трошоците на земјоделците, а воедно да се мотивира поконкурентно производство, а земјоделците да го окрупнат своето производство.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите да ги враќа парите назад кај граѓаните и да обезбедува услови за развој на земјоделството како клучна стопанска гранка.

Коментирај