СДСМ нема капацитет да се бори со ширењето на лажни вести бидејќи изворот на лажни вести доаѓа токму од нив

0
122

Иако владата на СДСМ и Зоран Заев ветија дека ќе се борат против пласирање на лажни вести во јавноста сепак реалноста не е таква.Имено, пред само две недели откако ТВ 21 преку емисија снимена во Арачиново, каде што за време на емисијата лицето Шаби Биљали изјави дека премиерот Зоран Заев ги изманипулирал жителите на Арачиново ветувајќи им дека ќе се вработат 300 пилоти токму од таму, СДСМ изнесоа низа невистини.Во вчерашната емисијата Клик Плус на ТВ 21 каде што гостуваа Иво Котевски како директор на Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ и Коста Петров потпретседател на СДСМ, се дискутираше токму и за оваа тема.

Едно соопштение од СДСМ испратено на 8 октомври поврзано со прилог односно емисија која што одеше на вашиот медиум, односно лицето Шаби Биљали кое што кажа дека Заев ги излажал дека во Арачиново ќе вработел 300 пилоти. Во соопштението на СДСМ стои: лицето кое што го изнесува ова лажно тврдење е син на поранешен кандидат за градоначалник кој во Грција бил уапсен за нелегален транспорт на мигранти, а бил фатен и со наркотици. Од каде ги има СДСМ тие податоци? Второ дополнително велат од СДСМ за време на кампањата за претседателските избори Биљали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база што според партијата дава и оправдан сомнеж на политичка позадина за изнесените невистини. Па ова гарант и кај вас во штаб сте се смееле кога сте го пишувале. Оваа ако не е лажна вест и лажна информација тогаш не знам што е и вие ја обвинувате ТВ 21 дека ширела лажни вести што снимала човек кој што вели дека бил изманипулиран од Зоран Заев, вели Котевски. На прашањето од Котевски до Петров од каде им се информациите дека лицето Шаби Биљали сакал да отвори штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново за време на претседателските избори изнесено во соопштение од СДСМ, Петров немаше одговор.

Коментирај