СДСМ: Наскоро ќе продолжат демократските процеси

0
234

Демократските процеси во најбрзо време ќе продолжат со избор на нов претседател на Собранието и мандат за формирање нова влада според мнозинската волја на граѓаните, порачуваат од СДСМ.

Од партијата сметаат дека е недозволиво пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокираат работата на Собранието, а Ѓорге Иванов да не го дава мандатот за формирање нова влада.

Во таа насока, според СДСМ, се и пораките на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск за потреба од демократски начела, пристојност и здрав разум и на амбасадорот на САД Џес Бејли дека на декларираното мнозинство според Устав и закон мора да му се овозможи да го избере новиот претседател на Собранието, како и да се овозможи натамошно одвивање на процесите со брзо формирање на новата влада.

– Иванов и Груевски не смеат повеќе да работат на создавање бинационална држава и да го кочат заедништвото, кое е јасно нагласено за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО. Интеграциите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија. За заедништво се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати, се вели во денешното соопштение од СДСМ.

Оттаму додаваат дека реформските процеси се врвен приоритет во програмата на новата реформска влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општество за сите граѓани.

– И ова е единствениот документ кој ги обединува сите граѓани и сите политички партии во Собранието, освен ВМРО-ДПМНЕ што граѓаните ја оставија во опозиција, се вели во соопштението.

Коментирај