СДСМ: Ќе создадеме социјален систем кој ќе ги вклучи сите граѓани

1
284

СДСМ денеска на прес-конференција најави политики на социјална заштита што треба да обезбедат сигурност на граѓаните и семејствата и да ги вклучат сите, а не само граѓаните со ниски примања.

– Ќе воведеме Програма за извлекување од сиромаштија, или секое четиричлено семејство кое нема други приходи и живее во сиромаштија ќе добие 12.000 денари. Токму со оваа мерка ќе обезбедиме граѓаните да си ги дозволат основните потреби. Но ќе обезбедиме и други социјални услуги кои ќе одговорат и на другите социјални проблеми на граѓаните, рече претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска.

Таа најави воведување семеен социјален работник кој ќе работи на превенција и интервенција во семејството и локалната заедница и оти со решенијата што ги предлагаат социјалните услуги ќе бидат блиски до граѓаните.

Заедно со граѓанскиот сектор, бизнис секторот и општините, додаде таа, ќе обезбедиме центри за поддршка и грижа за стари лица, центри за нега, грижа, вклученост, учество и внимание на лица со попреченост, превенција и заштита од родово базирано насилство и низа други социјални услуги на локално ниво коишто им се јавуваат како потреба на граѓаните коишто се во социјален ризик.

– Конечно, ќе креираме систем којшто ќе се базира на потребите на граѓаните наспроти досегашниот базиран на волјата на поединци во институциите. Македонија е социјална држава по Устав. За нас секој граѓанин е важен и сите граѓани се важни, рече Царовска.

1 Коментар

Коментирај