СДСМ: Иванов веднаш да ни го даде мандатот за состав на нова влада

0
585

СДСМ, по денешната изјава на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во која посочи дека пречките за определување мандат се уште не се отстранети,   преку соопштение до медиумите повторно го повикува веднаш да им го даде мандатот за состав на нова влада.

– Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалите и злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада на граѓаните на Република Македонија, се вели во реакцијата од СДСМ на изјавата на претседателот Иванов.

Огромно мнозинство, се додава, од околу 700 илјади гласачи избраа промени, правда, заедништво.

– Програмата на новата влада тоа ќе го овозможи, се нагласува во реакцијата од СДСМ.

Коментирај