СДСМ: Иванов ќе добие писмо од Џафери, да постапи според уставните обврски и да го даде мандатот!

0
241

Дојде време кога Иванов не може да одолговлекува со неразумни оправдувања и мора да ја исполни уставната обврска и да го додели мандатот за формирање Влада.

Собранието се комплетираше, има декларирано парламентарно мнозинство, има нов легитимен претседател на Сoбранието кој испраќа писмо до Иванов и ќе го информира дека се исполнети условите за доделување на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Иако Програмата на новата Влада е јавно објавена, претседателот Заев ќе ја реафирмира и пред Иванов и пред домашната и меѓународна јавност со што ќе се докаже дека таа е силен гарантор на унитарноста и целовитоста на Македонија, со што ќе се отстранат сите сомнежи околу наводни редефинирања на државата.

Демократските процеси мора да продолжат и Иванов повеќе нема простор за неделување. Демократскиот процес мора да биде испочитуван во насока на составување нова Влада согласно Уставот и законите на Република Македонија. Тоа е јасно изразена волја на мнозинството граѓани – околку 700 000 кои на изборите гласаа за промени, но тоа е и заеднички став на целата меѓународна заедница.

Формирањето на институциите пред се на новата влада и започнувањето на неопходните реформи во сите сфери се врвен државен интерес на Македонија која долго време беше блокирана поради стравот на поединци од соочување со личната одговорност.

Секое попречување на трансферот на власта е противуставно и противдржавно дело и подлежи на одговорност. Затоа, сите општествени чинители и сите институции мора да бидат свесни за сопствената одговорност во процесот на примопредавање на власта.

loading...

Коментирај