СДСМ: Имагинарна е грижата на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година во Македонија се влезени 16 нови инвестиции

0
260

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа во недостиг на суштински аргументи, се служи со лажни вести преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Успесите во економијата во последните 12 месеци се несомнени и потврдени преку бројни економски параметри. Според последните официјални податоци на Народната банка на Република Македонија само во првите три месеци од 2018 година регистрирани се странски инвестиции од 235 милиони евра, што е повеќе од било кое прво тромесечие во последните 12 години и повеќе отколку што биле забележени во цела 2017 година.

Празни и несериозни се обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за таканаречени имагинарни инвестиции. Само за период од една година, потпишани се договри за 12 странски инвестиции а пред потпишување се уште четири нови инвестиции. Досега Владата предводена од СДСМ потпиша договори со инвеститорите „Саген“ ВИК“ „Мурат тичарет“ „Чатагај кабло“ „Кеслер“ „Кемдинг лајтинг“ „Доган отомотив“ „Баумер“ и два договора со „Костал“ како и денес објавените инвестиции „Зенит интернешнел“ и „Балканлар пластик“. Во завршна фаза се договорите за уште четири нови инвестции, а сериозни преговори се отворени со уште 30 нови инвеститори. Сето тоа е постигнато без да биде потрошен денар од Буџетот за финансирање на реклами, кампањи и скапи и неефикасни роуд шоуа.

Ова се неприкосновени факти што ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги поништи. Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите што обезбедуваат нови инвестиции, повисоки плати и економски раст. ВМРО-ДПМНЕ да престане со имагинарната грижа, да ја следи Владата и да учи како се работи одговорно и домаќински.

Коментирај