СДСМ: Двосменското работење на клучните институции ги следи потребите на граѓаните

0
536

Соопштение за јавност

Како што претходно беше ветено, од денеска започнува мерката за двосменско работење на клучните институции. Согласно одлуката на Владата предводена од СДСМ, Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана од денеска ќе работат двосменски, односно до 21.30 часот.

Со оваа мерка на Владата предводена од СДСМ се следат потребите на граѓаните, а институциите стануваат вистински сервис на граѓаните. Двосменското работење на градинките и клучните државни институции ги следи современите текови и интересите на граѓаните. Тоа ќе значи дека граѓаните повеќе нема да имаат потреба да ја користат паузата за ручек или да земаат слободен ден само за да завршат некаква административна обврска. Родителите нема да имаат строго обврзувачко време во кое ќе ги оставаат и земаат своите деца од градинките со што ќе им се олесни исполнувањето на дневните обврски а на децата ќе им се обезбеди потребното соодветно згрижување.

Двосменското работење на клучните институции го става граѓанинот во центарот на вниманието на државните институции. Оваа мерка радикално го менува пристапот на инситуциите кон граѓаните и докажува дека институциите постојат за граѓаните, а не обратно.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат со спроведувањето на дадените ветувања и зацртани реформи што се во интерес на сите граѓани.

Коментирај