СДСМ: Битола ќе има функционална топлификација и гасификација

0
417

Цели 11 години власта на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалникот Владимир Талески ги лажат граѓаните на Битола.

Потрошија повеќе од 200 милиони евра општински буџети, и повеќе од 30 милијарди евра централни буџети, а Битола ја оставија на маргините, последна станица…

Предизборно ветуваа топлификација на градот Битола во 2011, 2013, 2014 и на последните избори во 2016-та.

На ова место, на Булеварот 1ви Мај, закопани се цевки во вредност од 80.000 евра. Тоа е единственото нешто од лажниот проект на Талески и ВМРО-ДПМНЕ за градска топлификација.

Во РЕК Битола за физибилити, за проектни документации, за адаптација на котлите и сл. потрошени се неколку милиони евра, а топлификацијата не ниту на повидок.

Не само што лажат, него и топлификацијата која функционираше до пред неколку години и загреваше неколку илјади семејства во нова Битола, ја затворија!

А во недостиг на колективно загревање во Битола, граѓаните се принудени за загревање да користат огревно дрво и разни отпадни материјали, со што загадувањето на воздухот ја надминува дозволената граница и до дваесет пати.

Затоа, на последните избори граѓаните на Битола јасно кажаа дека се за промени.

По промените на прламентарните избори, доаѓаат промени и во локалната власт во Битола.

Битола ќе има функционална топлификација и ќе биде гасифицирана. Овој проект ќе овозможи помали трошоци за греење, повеќе пари за граѓаните како и почист воздух за дишење.

Граѓаните на Битола заслужуваат одговорна и ефикасна локална власт.

Коментирај