СДСМ: Алармантно, скокна на половина милион евра сумата за увезена струја од која зависиме!

0
716

Интегрален текст од Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,

175.000 евра чини новиот увоз на струја за следните два дена.

Просечната цена по мегават час увезена струја скокна на 101.5 евра!

Еве официјален документ во прилог што го потврдува тоа.

Одобрената цена за увоз од Регулаторната комисија за енергетика е 38 евра.
Претходните два дена се увезуваше струја по 59.3 евра по мегават час.

Увезената струја за претходните два дена ја плативме 300.000 евра!
Вкупната сума за 4 дена за увоз на струја, заклучно со утре, достигнува половина милион евра!

Власта во заминување ги остави граѓаните без струја и сега прави итен увоз којшто дебело го плаќаме!
Власта во заминување криеше дека на Божик, кога не работат берзите, дека прави интервентен увоз на струја.

Домашна струја нема бидејки постојано не работи еден од блоковите на РЕК Битола, иако за наводни поправки досега отидоа неколку стотици милиони евра народни пари.
Не работи ТЕЦ Неготино, не работи ТЕЦ Осломеј, затоа што власта во заминување имаше други криминални приоритети наместо потребите на граѓаните изминатите 10 години.

Од сегашната ситуација најзасегнати се домакинствата бидејки за нив постои ризик да останат без струја. Индустриите набавуваат од либерализираниот пазар.

Ако земјите од кои увезуваме решат поради студот да штедат и да не извезуваат струја, цели семејства со деца на минус 20 во Македонија постои ризик да бидат без струја.

Друго прашање е тоа што е финансиски неодржливо темпото државава да плаќа по 200 – 300 илјади евра на секои два дена. Тоа се пари на граѓаните на Македонија!

Затоа, потребна е нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија, којашто ќе се посвети веднаш на одговорно решавање на проблемот и на нивните потреби.

Предупредуваме дека за сите штети врз граѓаните ќе има одговорност.

Скопје, 09.01.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Коментирај