СДС ќе биде убедливо поразен во Прилеп, нема да му помогне пласирањето на лажни вести

0
742

Соопштение до јавноста – демант

СДС ќе биде убедливо поразен во Прилеп. На СДС нема да му помогне пласирањето на лажни вести.

Целосна невистина е дека сум бил во џамијата во обид политички да агитирам. Тоа е срамна злоупотреба на религијата и поигрување со верските чувства. Тоа е доказ колкав е стравот и очајот на СДС од претстојниот пораз.

Сликата која што е објавена не е од сега туку од јуни и целосно е извадена од контекст.

На снимката која ја прикажавте јас како градоначалник сум гостин во џамијата која заедно со сограѓаните од муслиманска вероисповед е изградена во населбата Тризла.

Лагите и лицемерието не поминуваат повеќе кај граѓаните!

Граѓаните имаат потреба од луѓе кои вредно и посветено ќе работат во интерес на општината, партнери со кои рамо до рамо ќе градиме достоинствен живот за сите!

Ве молам демантот да го објавите во целост.

Со почит,
Марјан Ристески,

кандидат за градоначалник на Општина Прилеп

Коментирај