Сарачини: Ако некој го врати ВМРО, тоа нема да е СДСМ, туку вредностите на луѓето во Македонија

0
675

Активистот во шарената револуција, Петрит Сарачини кој работи како координаторот на Одделението за медија мониторинг при Владата, во дискусија на Твитер, каде е потпишан под псевдонимот „Анон Мра“ ги посочи „вредностите на луѓето во Македонија“ како главна причина за евентуалната победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 12 април.

„Да ми простиш, ВМРО во 2016-та доби повече гласови од СДСМ, и покрај методите. А и сега добро се држи, и покрај методите и криминалот. Ако некој го врати ВМРО, нема тоа да биде СДСМ, туку вредностите на луѓето во МАкедонија, кои и покрај децениски криминал пак гласат за мвро“, стои во коментар на Сарачини објавен на Твитер.

Коментирај