Санта Марија де Монтсера- неповторлива духовна радост

0
441

Планината Монтсерат – духовното место во Каталонија, каде што е изграден бенедиктинскиот манастир е со илјада годишна историја. Место со прекрасни пејсажи, необични форми на карпите и со доживување на една неповторлива духовна радост во манастирот, лоциран во едно од најживописните места на земјата.

Санта Марија де Монтсера е бенедиктинска опатија која се наоѓа на планината Монтсерат. Во манастирот се наоѓа статуата Богородица од Монтсерат. Овде се наоѓа и истоимената библиотека која содржи издаваштво на книги чии ракписи се едни од најстарите на светот. Во манастирот се наоѓаат голем број на уметнички дела од познати сликари и скулптори, вклучувајќи дела од Ел Греко, Салвадор Дали, Пабло Пикасо и многу други.

Коментирај