Самсоненко: Ќе ги исплатам сите долгови на ракометарите на Вардар!

0
536

Сергеј Самсоненко, сопственикот на фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар, во изјава за „Фокус“ потврди дека сите долгови кон ракометарите ќе бидат исплатени затоа што тоа е негова должност.

Во изминатиот период во ракометниот клуб има турбуленции, но рускиот газда наскоро ќе ги подмири сите обврски и најверојатно истите ќе се смират.

„Ја преземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе“, изјави Самсоненко.

Вардар со актуелниот ростер се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите каде чека двомеч со ПИК Сегед, а исто така е и во четвртфиналето на СЕХА-лигата каде ќе се соочи со хрватски Нексе.

Извор: Република.мк

Коментирај