Само во Македонија: Возови поминуваат со кренати рампи!

0
268

Рампите поставени на премините преку железничките пруги, имаат за цел да ги предупредат луѓето дека доаѓа воз и на тој начин да ги заштитат од евентуални несреќи. Но што кога кренатите рампи не најавуваат дека доаѓа воз, а тој сепак пристигнува? Ваквите глетки очигледно ги има само во Македонија, за што најдобро илустрира овој пример со воз кој минува при кренати рампи, а од него излегува човек кој го регулира сообраќајот, за да потоа повторно „го фати“ истиот воз.

Извор: република.мк

Коментирај