Само сакав да ја имам без ветувања- Чарлс Буковски

0
2434

Таа ми се допадна. Никогаш не побарав повеќе отколку што можев да и дадам. Таа беше моја во вечерните часови. Не многу често, не многу ретко. Најчесто во вторник. Ја имав, потоа се опушташе на моите гради и ги слушаше ударите на моето срце. И кога ќе заспиев, таа си заминуваше. Незабележливо. На прсти. И привремено. До следниот вторник.

Таа не оставаше влакна од косата на перницата. Немаше ништо за да ме потсети дека била тука. Таа беше вљубена. Тоа ми го покажа многу пати. Но не побара врска. Знаеше дека не сум подготвен да и ја дадам мојата душа. Јас не бев вљубен. Само сакав да ја имам. Без чувства. Без ветувања. Без лажно „засекогаш“. Ја сакав само за повремено. И за поинтересно.

Ме бакнуваше. Многу ме бакнуваше. Другите не. Тие си одеа  веднаш штом ќе се облечеа. Сакаа повторно да ме видат. Ми оставаа нешто за да се сетам на нив. А таа си одеше без збор. Без да побара нешто. Без да даде нешто. Без да се јави.

Почнав да се заљубувам. Во нејзиниот парфем. Во очите. Насмевката. Во тишина без одговор. И кога бев сигурен дека сум заљубен неа ја немаше. Отиде одеднаш. Не привремено. Засекогаш. Со нов број. И јас се уште ја чекам. И не само во вторник …

Жени- Чарлс Буковски

Коментирај