Сакате да го спречите ракот? – Овие намирници итно исфрлете ги од исхраната

0
826

Дали потполно сте сигурни дека се храните здраво?

Експертите советуваат потполно исгрлање на алкохолот од исхраната за да се намали ризикот од појава на рак.

Освен алкохол, на црната листа се и засладените пијалоци, брзата храна и обработеното место, како колбасите, сланините и саламата, пишува Индепендент.

Конзумирањето на алкохолот не може да биде оправдано со никакви здравствени причини, предупедуваат експертите, повикувајќи се на новите цврсти докази кои упатуваат на тоа дека навиката може да предизвика некои облици на рак.

Овие предупредувања се дел од пошироката кампања за превенција на рак низ која се нудат препораките за здрава исхрана и начинот на живот.

Светскиот центар за истражување во објавените документи велат дека конзумацијата на алкохол треба да се сведе на минимум.

„За превенција од рак најдобро е потполно да се исфрли алкохолот од употреба“, се наведува.

Според анализата на истражувачите, алкохолот најчесто се поврзува со следниве видови на рак:

рак на цревата, рак на дојката, рак на јетрата, рак на устата и грлото, рак на јајниците и желудникот.

Иако некои сметаат дека умерената конзумација на алкохол штити од рак на бубрегор, експертите велат дека ризикот од појавата на некои други облици на рак е поголем од евентуалната здравствена корист со конзумацијата на овие намирници.

Се додава дека ризикот од појавата на рак расте и со мала количина на испиен алкохол.

„Не постои количина алкохол толку ниска да не претставува никаква закана“.

Студијата исто така советува дека пациентите лечени од рак можат да си помогнат себеси со правилен избор на исхрана и физичка активност, и се препорачува внимание при внесор на засладени пијалоци, брзи храна и одработени намирници, особено месо.

Извор: taratur.mk

Коментирај