Сакаше да направи селфи, па падна од столче: Водител се избламира, а неговата колешка поради реакцијата сите ја мразат (ВИДЕО)

0
235

Водителот на Фокс Њуз Рејмонд Арохо стана хит на интернет откако се обиде да сними селфи со водителката Лаура Ингрем.

Тој фотографирајќи се падна од столче во студиото, а реакцијата на неговата колешка ги изненади сите.

Имено, тие двајца извадија пиво како би наздравиле за номинацијата на Брет Кавано за претседател на Врховниот суд во САД, а тоа Арохо сакаше да го овековечи со фотогафија.

Во тој момент падна од столче, а неговата колешка само продолжи да ги води вестите понатаму.

Поради тоа се најде на мета на критичарите, но подоцна на Твитер објави дека станало збор само за шега.

Извор: kurir.mk

Коментирај