„Сакаш да се видиме?“: Даниел Кајмакоски ја обнови старата врска од времето кога победи во „ТЛЗП“ (ФОТО)

0
191

Во 2016 година балканската публика по „Икс-фактор“, му подари уште една победа на Даниел Кајмакоски во шоуто „Твоето лице звучи познато“ (ТЛЗП).

Во тоа време Даниел стекна нови регионални обожаватели, но и нови пријателства со некои од учесниците на шоуто.

Ако помисливте дека обновил некоја стара љубовна врска, во случајов не станува збор за промена на емотивниот статус, туку за обнова на пријателска врска и освежување на свомените и дружбите од тоа време.

Имено, откако Кајмакоски стави точка на бракот со Кристина, тој ги спакува куферите и постојано е на пат. Неодамна беше во Ниш, потоа во Хрватска, а сега во Белград, каде од еден белградски сплав прати поздрав на социјалните мрежи.

Кога фотографијата ја виде популарниот стенд-ап комичар Неша Бриџис, не можеше да не го праша својот пријател од „Твоето лице звучи познато“, дали навистина е во Белград. Даниел пак, не чекаше многу, и веднаш му остави коментар на Неша:

-Да бре, тука сум, сакаш да се видиме подоцна?- потврди Даниел и даде понуда за средба со Неша, по што најверојатно паднал договор во „инбокс“.

Кајмакоски по разводот, веќе неколку месеци е активен со настапи, но засега е позициониран само во соседството. Пријателствата и настапите во соседството се во фаза на обнова, а кога тоа ќе се случи и пред домашната публика, останува да видиме…

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Коментирај