Сака да го сочува бракот и му кажува НЕ на алкохолот – Познатиот англиски фудбалер заминува на рехабилитација!

0
109

Поранешниот капитен на Англија, Вејн Руни (33) веќе подолго време има проблеми во брачната врска поради неговиот бурен стил на живеење.

За да го спаси бракот и да ја задржи својата сопруга Колин (33), Вејн решил да го остави алкохолот. Од истата причина тој одлучи да се врати од Америка во Англија и да ја продолжи кариера во Дерби Каунти.

Руни ќе го започне својот 18-месечен договор со новиот клуб во јануари следната година, а дотогаш, ќе оди на советувања за да го реши проблемот со алкохолот.

„Вејн пиеше многу во Америка и тоа го уништи нивниот брак“, рече еден од најдобрите пријатели на познатиот фудбалер.

rooneyСопругата Колин и нејзините деца Каи (9), Клеј (6), Кит (3) и Кас (1) веќе се преселиле во Англија каде ќе го продолжат своето образование.

Коментирај