Сагата доби нова епизода – Каде Теодосиќ ќе ја продолжи кариерата и кој клуб е во пол позиција?

0
100

Сагата околу тоа каде Милош Теодосиќ ќе ја продолжи кариерата доби нова епизода.

Неговата сопруга, актерката Јелисавета Орашанин, во текот на една претстава случајно откри:

“Па во Ѕвезда каде инаку!”

Тоа ја подгреа фантазијата на навивачите на црвено-белите, но се додека и официјално Тео не го облече дресот на клубот, ќе мораат да причекаат.

За сега, се знае дека капетанот на Србија дефинитивно нема да оди во Макаби, клуб кој пред извесно време беше најсериозен кандидат за ангажирање на одличниот плејмејкер.

Тоа го откри новинарот Рој Коен, чии информации во минатото се покажаа како веродостојни.

Тој напиша на Твитер дека Теодосиќ не е задоволен од тимот на Макаби и верува дека нема квалитет за високи дострели, поради што не е расположен да ја продолжи својата кариера во “Гордоста на Израел”.

Тоа е уште една вест која ќе ги израдува симпатизерите на навивачката група “Делии”.

Коментирај