Сѐ е возможно: Поучна приказна која ќе ве замисли

0
231

Двајца пријатели се лизгале по заледено езеро. Денот бил облачен и ладен. Децата без страв уживале во лизгањето. Мразот одеднаш се скршил и едниот од нив пропаднал во вода. Водата не била длабока, но мразот почнал да се стега.

Другото момче отишло до обалата, земал камен и потрчал кон својот другар.Со сета сила го кршел мразот и фаќајќи го својот пријател за рака, некако успеал да го извлече од водата. Кога стигнала помошта и кога постарите сфатиле што се случило, зачудено рекле:

„Како ти успеа ова? Како можеше со тој мал камен и слаби раце да скршиш толку дебел слој мраз?“

Во тој момент се огласил некој старец:

„Јас знам како успеал!“

„Како?“

Старецот одговорил:

„Во околина немало никој кој би му кажал дека тоа е невозможно.“

Извор: skopjeinfo.mk

Коментирај