Рузмарин, билка за повеќе намени

0
832

Ароматичниот рузмарин е уште една билка во низата „бисери“. Старите Грци оваа билка ја посветиле на божицата Афродита. Унгарската кралица Елизабета ја користела за подмладување, а денес не знаејќи ги нејзините лековити својства најчесто се користи како декорација за свадби. Уште одамна се верува дека неговите иглички ја ублажуваат болката, па луѓето оваа билка ја ставале директно на раните.

Рузмаринот помага кај слабокрвноста, особено кај децата, го подобрува апетитот и расположението, ја подобрува работата на желудникот, нè смирува и го победува стравот. Исто така, ги намалува менструалните болки и го регулира нередовниот циклус. Чајот и облогите од рузмарин ја смируваат главоболката која се јавила поради стрес.

Оваа билка позитивно влијае и на концентрацијата и работата на мозокот, значително го намалува ризикот од мозочни удари и Алцхајмерова болест.

Позитивно влијае и врз помнењето и е позната како „билка за меморија“. Има силно антибактериско и антиспазматично дејство, ги релаксира мускулите и го штити организмот од напад на бактерии.

Се користи и како зачин во исхраната, а поради пријатниот мирис и лековитите својства се користи и во козметиката. Од рузмаринот се прават тинктури, масла и мевлеми. За подготовка на чај најдобро е да се користат свежи гранчиња од рузмарин со или без цветови. Маслото од оваа билка, пак, го победува заморот, ја ублажува напнатоста и помага против инфекцијата на очите.

Корисни состојки на рузмаринот
– Билни масти
– Билни хормони
– Боренол
– Витамин Ц
– Ензими
– Етерични масла
– Камфор
– Смола
– Танин
– Холин
– Цинеол
– Терпен

Има лековито дејство врз следниве состојби и болести
– Анемија
– Болки во зглобовите
– Срцеви заболувања
– Болести во устата и органите за дишење
– Бронхитис, настинка и грип
– Губење на апетитот
– Депресија
– Епилепсија
– Инфаркт
– Импотенција
– Климактерични тегоби
– Менструални болки
– Мигрена
– Нервоза
– Надуеност и гасови
– Проблеми со видот
– Проблеми со косата
– Ревматски промени
– Стомачни болки
– Стрес
– Целулит
– Вкочанети мускули

Коментирај