Русковска за Јанева: Ако била болна, зошто не дала оставка?

0
429

Апелацискиот суд не ја прифати гаранцијата што ја понуди Јанева, а ја пушта во домашен притвор. Ова е срам. Каква порака испраќаме со ваква одлука. Ова го изјави обвинителката Вилма Рускоска за Дојче веле.

Прашувам зошто не ја прифатија гаранцијата? Јас сум повеќе приврзаник на обезбедена гаранција, отколку на домашен притвор – вели Рускоска, додавајќи дека „едвај чека да го добие решението, за да види со какво образложение е одреден домашен притвор за Јанева. Нема во ЕУ со вакви судии”, потенцира Русковска.

Околу тоа дека и била влошена здравствената состојба, вели, зошто не си поднела оставка уште додека била на функција.

Инаку, Рускоска и вчера најави финансиска истрага за апелациските судии по одлуката.

Коментирај