Рускоска: Се водат неколку истраги за актуелни функционери

0
83

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска откри дека се водат неколку истраги и предистраги за неколку актуелни функционери.

Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи се тајни, рече Рускоска, која додаде дека предметите се за економски криминал и корупција.

Рускоска присуствува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“, што се одржува во Јавното обвинителство, на којашто е гостин и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам на Италија Федерико Кафиеро де Рахо.

Извор:Република

Коментирај