Руските пранкери објавија аудио: Заев „спикинг“ со Грета Тунберг за Трамп, Макрон, мepихуаната и за затворање на аеродромот

0
167

Руските пранкери Вован и Лексус денеска го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко.

Во разговорот, лажната Грета го наведува Заев да зборува за претседателите на САД и Франција, Трамп и Макрон, за спорот со името, за бизнисот со мapихуана, за мигрантите…

Во еден момент, таа бара Заев да затвори еден од двата аеородроми поради загадувањето од авионите, на што Заев одговара афирмативно.

Инаку, руските пранкери Владимир Кузнетсов и Алексеј Столиров се познати по нивните лажни преставувања и разговори со светски познати личности, меѓу кои беше и Заев.

Своевремено, тие објавија други разговори со Заев, а сега одлучија предизборно да го објават разговорот со наводната Грета.

Разговорот може да се слушне во снимката која ја објавуваме подолу.

Коментирај